Наслепо

14.07.2023 17:47

Сега да започнеме одново: поставката е јасна,
Ти со белите, јас со црните фигури.
На мојата страна мрачни сили се борат.
Затоа моето битие, само по себе, е објава на војна;
Сепак, ти отвораш; за потег во предност везден.
Ме збришуваш, конечно, од таблата:
Залудно ќе жртвував пион, фигура,
Твоите планови не можам да ги надмудрам.
Ме опколуваш, јажето се стега,
Но со мене, мрачниот, не се мешаш:
Ако ‒ да го одложам крајот ‒ направам рокада,
Ќе ме стигне пионот, промовиран во дама.
И додека заземаш нови полиња, дијагоналите,
Во завршницата го вплете и тоа, зарем не.
Бев љубопитен од самиот почеток ‒
со какво лукавство ќе ме уништиш без трага.
Би можел и да предадам, кога вниманието ќе ми попушти:
Веќе го знам твојот следен потег, но кажи ми: кој си?


Превод: П. В.

Ferencz Gyozo (1954) - унгарски писател и поет, професор по англиски јазик и книжевност, преведувач, уредник... Песните ги пишува со многу хумор, склоност кон нонсенс и студена објективност.

„Овој поет не е толку набљудувач на самиот себе колку што е набљудувач на - набљудувањето. Мирно седи во ловечка бусија и чека кога ќе претрча самиот тој, Ѓезе Ференц, преку ливадата. Но, него не го интересира Ѓезе Ференц, оној што ќе претрча, туку оној Ѓезе Ференц кој го демне претходниот. Одбранбената псевдоизвештаченост на неговите песни го вовлекува читателот во поетското поле на ближниот. Секого го интересира неговото сопствено јас, кое не е ни сопствено, ниту е јас.“

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото