1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
Каква среќа! Налетав на празен дом: домаќините се на продолжен викенд. Дом, во кој нема ни прст нафталин ни грст лаванда.
По долгиот пост, еве налетав на вистинска гозба: за појадок – волнени џемпери, плетени шалови, капи и ракавици неносени најмалку девет зими; за ужина – наследени скапи персиски теписи, вртени како палачинки, вкусни и без џем и слатко; за мезе – везени англеа врз масичката за шминка; за ручек – од белата јамболлија врз троседот со чипка; за десерт – ќе грицкам од крпената пелерина, обесена во тремот…
А за вечера?
За вечера ќе го густирам гобленот „Тајната вечера“, везен безброј непреспани ноќи. Во него има и леб и вино, и љубов и предавство, но и надеж, со која е добро да се заспие.