1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
Здраво е да пецнеш некого. Да го потсетиш дека е ранлив и кршлив. Макар и малку! Дека паметот му лета во облаци.
Не им верувам на луѓето што не знаат да пецнат или да издржат болка. На луѓето без рани и лузни. Кои знаат само да (се) фалат.
А ако веќе се перчиш, кажи дека не ставаш веднаш песок и оцет врз рана. Пливај во длабокото и слободно нурни!
Ако налеташ на мене, ветувам дека ќе те пецнам сосема нежно. А ти вети ми дека ќе ме паметиш и кога ќе зацели твојата рана.
А и кога ќе останеш сама.