Во несоница

04.02.2011 13:41
Во несоница

Човек легнува рано. Не може да го повика сонот. Се превртува, како што е и логично, во постелата. Се замотува во постелнината. Пали цигара. Чита некое време. Повторно го гаси светлото. Повторно не може да заспие. Во три часот наутро – станува. Го буди пријателот до себе и му соопштува дека не е во состојба да заспие. Бара совет од него. Пријателот му препорачува кратка прошетка, за да се замори малку. Потоа нека испие шолја чај од липа и нека го изгасне светлото. Сето тоа и навистина го прави, ама не успева да потоне во сон. Повторно станува. Овојпат се упатува кај лекар. Како што обично се случува, лекарот разврзува муабет, но човекот не спие. Во шест наутро, го полни револверот и си го разнесува черепот. Човекот е мртов, ама не заспа. Несоницата е ѓаволски упорна работа.

Вирхилио Пињера (1912-1979) е кубански писател, поет и драматург, значаен по тоа што е еден вид предвесник на современата латиноамериканска проза. Добитник е на угледни меѓународни книжевни награди. Често е споменуван како еден од родоначалниците на модерната, експресионистичка кратка прозна форма.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Клопец [к:1]
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Мајка [к:1]

ОкоБоли главаВицФото