Дали може еден љубовен угриз, ве молам?

07.03.2011 12:31
Дали може еден љубовен угриз, ве молам?

Физичките траги од прељубата за поголемиот дел од нас значат очајни обиди на нивно прикривање и камуфлирање – кој не се обидел со пудрата на пријателката да ја скрие „шљивката“ на вратот или со фластер да покрие некоја гребнатинка?

Вечниот советник Гугл има милион трикови кои нудат решенија за ваквите ситуации, но дизајнерот Бјорн Франке нуди цел пакет решенија за другата страна на проблемот – како да се лажираат доказите за прељуба.

Ако сте со слаб карактер, ако ви е непријатно да го откачите момчето, девојката, сопругата или љубовникот, ако наместо да го решите проблемот вие попрво чекате истиот да се реши сам од себе, или можеби само имате грам вишок егзибиционизам во себе – ова е вашиот пакет од соништата.

Парфем и влакна од епрувета, алат за гризнувања, генератор на модрици, апликатор на бакнежи и гризнувања, „гребалка“ и уште неколку алатки ја сочинуваат поставата на најлудата кутија со алати со наслов „Траги на замислена афера“.

Тешко дека со зборови можеме да ја опишеме употребата и намената на секој од нив – за сите овие алатки нема да ви треба упатство туку само добра фантазија, релативно развиена отпорност на болка и целна група кон која ќе го намените целиот тој „перформанс“.

Дизајнерот и авторот на овие алатки, Бјорн Франке, вели дека идејата ја добил размислувајќи за односите и намерно предизвиканата љубомора која главно служи како орудие за зајакнување на сопственото его или ја тестира цврстината на врската. Напоменува дека го инспирирале и приказните на луѓето кои со своите лажни траги и „лузни“ сакале да им го привлечат вниманието на другите.

Извор: bjornfranke.com

ОкоБоли главаВицФото