Али и Никола, поза 69

15.11.2011 10:56
Бранко Героски

Али вели дека Никола има силна политичка волја. И внимавајте, Ахмети нè убедува дека имале заеднички ставови со Груевски од интерес на државата! Аууу! Е ова е пресврт! Поза 69 или - јајце на око!
Не знам што да кажам. Немам зборови! Комплименти за Никола Груевски! Како ги вози Албанциве и странциве, како да полагал на 16 години! Ова ни во „школата на Велија“ не се учи. Ова, бре, или е некоја виша математика, што јас едноставно не ја разбирам, или, сепак, Латас е во право кога вели: „После Демаќи, Ругова и Арбен Џафери, Албанците во регионот немаат политичари. Бивши шверцери, тепачи, пукачи и избацивачи не се за политика“.

Бранко Героски, „Фокус“, 11.11.11.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото