Биографија

10.10.2015 13:02

Во типкиве на машинава за пишување е приказната
за моите родители и мене
која нема да дозволам типките да ја отчукаат;
тројца од нас во непрекината напнатост
не сакам да везнемирувам,
неспособен да ги разрешам меѓусебните спорови,
а тие се мртви.

Препев: П. В.

Дејвид Игнетов (David Ignatow, 1914-1997), американски поет со типично американска работна биографија: работел како месар, пренесувач на пораки, болнички секретар, ноќен чувар, пазарџија, продавач на хартија, новинар, предавач... Поезијата му е едноставна, популарна, наменета за „обичните луѓе“... Благодарение на дваесетината поетски книги ги добил најголемите американски книжевни награди.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото