Самостојна изложба на слики на Ратко Панчевски

09.04.2024 09:24
Самостојна изложба на слики на Ратко Панчевски

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва (9 април) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на слики на уметникот Ратко Панчевски.

Со оваа изложба Панчевски го одбележува јубилејот 50 години ликовно творештво.

Ратко Панчевски е роден во 1954 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Паралено со студиите учи сликарство кај проф. Љубомир Белогаски и Владимир Георгиевски. Работи како проектант на архитектонски објекти и ентериери. Практикува вајарство, како и применета уметност од областа на копаничарството, илустрирање книги и сликање модни детали од свила. Самостојно излагал во Белград, Скопје и Кочани.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април.