Дела на Киро Урдин изложени во Брисел

31.08.2023 10:50
Дела на Киро Урдин изложени во Брисел

Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември.

Овoj настан доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август.

Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB 2023) oд 11 до 17 септември и на Интернационалниот фестивал за модерна уметност во Сибиу, исто така во Романија, од 16 до 30 септември.

Извор: https://www.vesti.mk/

ОкоБоли главаВицФото