Каде престојувам

12.09.2018 14:38

Денес повторно се здогледав себеси низ стаклото на некогаш популарното кафе Код коња. Од профил. Рамно потстрижена црвена коса, грбав нос. Тоа не е прв пат, кога и да поминам тука се гледам себеси во излогот на кафето. Обично сум сама, пијам кафе или листам некое списание, прекратувам време до почетокот на филмот, тука во киното покрај, во Јадран. Тоа беше моето омилено кино некогаш, сега веќе не работи. Иако, можно е да сум таму сè уште. Во мракот на кино салата, седам и го чекам филмот кој никогаш нема да почне.

Кој знае на уште колку места ме има. На колку од нив исчезнувам. А на кои недостасувам.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото