Петто издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика во „Котур”

28.09.2023 10:45
Петто издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика во „Котур”

Од први до десетти октомври во кафе и филм „Котур“ и Парк Форум ќе се одржи петтиот по ред „Ѕирни” фестивал на филм и музика. Овогодишното јубилејно петто издание на Фестивалот на филм и музика „Sирни“ ја продолжува својата препознатлива концепција на “коктел” од филмови и внимателно селектирана музичка програма.

Оваа година фестивалот ќе биде надограден со нови содржини, со амбиција да прерасне во собирно место на сите скопски (и македонски), млади (и постари) љубители на филмот.

Фестивалот добива натпреварувачки карактер. Кратките филмови од официјалната селекција ќе се натпреваруваат за наградата за најдобар филм „Данчо Чеврески”. Наградата ќе ја додели трочленото жири составено од македонските режисери: Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ, Саша Станишиќ.

Официјалната селекција е своевиден преглед на најновата продукција на македонските кратки филмови. Оваа селекција е разновидна: филмови кои експериментираат со формата и филмскиот медиум („Жена: 3 Есенцијални прашања на Јана Луловска” и „Страст по лутањето” на Леона Јариќ; филмови кои во еден постмодернистчки манир се играат со жанровите („Сценариото” на Александра Кардалевска и „4891” на Ивана Мирчевска ; филмови кои ја третираат нашата хаотична македонска стварност и моралните дилеми кои произлегуваат од неа („Еден тон сладолед” на Сандра Ѓорѓиева , „Кутии” на Ангела Димеска, „Мавера” на Батухан Ибрахим); филмови кои раскажуваат едноставна љубовна приказна од минатото („Так Так” на Јане Алтипармаков).

Голема чест ни е што оваа година ќе имаме и проекциии на два документарни филмови од регионот. „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ” на Мила Турајлиќ е архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот на неврзаните базиран на досега невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. „Авантурите на карикатурата” на Вера Влаиќ– е филм каде со толкување на историските настани од средината на 19 до почетокот на 21 век, користејќи го јазикот на анимираниот филм и неговата уметничка поврзаност со карикатурата се дава преглед на авторите кои придонеле за развојот на карикатурата како уметност во српската култура. Како паралела ќе го погледнеме и краткиот филм „Отпор” на Боро Пејчинов, ремек дело на македонскиот анимиран филм.

Исто така ќе имаме проекција на „Тетовирање” на Столе Попов еден од најпознатите македонски филмови. Ако за некој македонски филм можеме да кажеме дека е култен, тоа е „Тетовирање”. Филмот кој се уште ја отсликува нашата современост, со реплики кои станаа дел од скопскиот жаргон.

Програма по денови:

01.10 Недела

13.00ч | Котур | Концерт во дворче (Иван Беjков бас, Боран Петков-гамба гитара, Иво Солдатовиќ-Сол кларинет и Славчо Коцев тапани)

20.00ч | Kотур | Изложба на Игор Христов: СПИЈАЧИТЕ СПИЈАТ, СОНУВААТ САМО СОНУВАЧИТЕ.
Документарна фото изложба на Игор Христов од 25 дела фотографирани во Тајланд, Перу и Еквадор.

20.00ч | Котур | музичка селекција Nastasya Kish

02.10 Понеделник

20:00ч | парк Форум | Oтворање на филмската програма на Sирни05

Почеток на официјалната
селекција(натпреварувачкиот дел за најдобар филм)

20:00ч | парк Форум | МАВЕРА(2023) | Македонија | 23’ краткометражен филм | режија Батухан Ибрахим + разговор со режисерот

20:00ч | парк Форум | ЕДЕН ТОН СЛАДОЛЕД(2022) | Македонија | 19’ краткометражен филм | режија: Сандра Ѓорѓиева + разговор со режисерката

20:00ч | парк Форум | СТРАСТ ПО ЛУТАЊЕТО(2021) | Македонија | 4’ краткометражен филм | режија: Леона Јариќ + разговор со режисерката

20:00ч | парк Форум | 4891(2022) | Македонија | 11’ краткометражен филм | режија: Ивана Мирчевска + разговор со режисерката

20:00ч | музичка селекција | котур прозорче | ЏАЏО ДОООЕЛ

03.10 Вторник

20:00ч | парк Форум | Sирни05 втор блок официјална селекција на кратки филмови

20:00ч | парк Форум | СЦЕНАРИОТО(2023 | Македонија | 15’ краткометражен филм | режија: Александра Кардaлевска + разговор со режисерката

20:00ч | парк Форум | КУТИИ(2023) | Maкедонија | 12’ краткометражен филм | режија: Ангела Димеска + разговор со режисерката

20:00ч | парк Форум | ЖЕНА: 3 EСЕНЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА | Mакедонија | 3’ краткомелтражен филм | режија: Jана Јуловска + разговор со режисерката

20:00ч | парк Форум | TAK-TAK(2022) | Mакедонија | 20’ краткометражен филм | режија: Jане Алтипармаков + разговор со режисерот

21:30ч | музичка селекција | котур прозорче | ВАСО |
04.10 СРЕДА

20:00ч | кино сала | АВАНТУРИТЕ НА КАРИКАТУРАТА | 19’ анимиран филм | режија: Вера Влаиќ

21:00ч | кино сала | OTПОР | 7’ краткометражен филм | режија: Боро Пејчинов + разговор со Иван Ивановски за врската помеѓу карикатурата и анимираниот филм
| музичка селекција | котур прозорче | Eми Ермилова

05.10 Четврток

19:30ч | парк форум | кафе и кромид |

19:30ч | парк форум | Прогласување на победник во официјалната селекција и доделување на наградата за најдобар краток филм ДАНЧО ЧЕВРЕСКИ

20:00 | парк форум | НЕВРЗАНИТЕ: СЦЕНИ ОД ФОНДОТ НА ЛАБУДОВИЌ | 100’ документарен филм | Србија | режија: Mила Турајлиќ

21:30ч | музичка селекција | котур прозорче | Tоми Бојаџи

06.10 Петок

17:00ч | ѕирни продавница | TETOВИРАЊЕ x OX |

17:00ч | музичка селекција | DOUBLE G | STRAJK |

18:00ч | котур сала | 48часовен скопски филмски предизвик

19:30ч | котур сала | TETOВИРАЊЕ(1991) | 100’ игран филм/колор со звук | режија: Столе Попов

07.10 Сабота

13:00ч | концерт на форум | Дина Јашари | DОPE KUKJATA |

13:00ч | ѕирни продавница | 5 до 12 |

08.10 Недела

20:00ч | претстава во кино сала | ПИНГВИНОТ | авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ

pastedGraphic_2.png21:00ч | музичка селекција | котур прозорче | Зоки Бејбе

09.10 Понеделник

20:00ч | парк Форум | проеција на филмовите ученици на 48часовниот скопски филмски предизвик

21:00ч | музичка селекција | Ивица Димитриевиќ
10.10 ВТОРНИК

21:00ч | котур клуб/сала | официјално затворање на Sирни05 | SOULCASE | FLOODER

ОкоБоли главаВицФото