Боли глава

Алфа-омега парот Џафери – Ахмети

Сегашните, па и идните номинални носители на функциите во овие градови се само излитени самари зајавнати од алфа-омега парот кој ја води оваа партија. Политичкиот модел на водството Џафери – Ахмети не содржи ниту национализам ниту демократија, туку само мимикрија на пропагандeн „напредок“, замолчување на критиката и бегање од соочување со јавноста. Во основа станува збор за споделен психо-социјален профил на длабока омраза кон урбаното и интелектуалното како две категории кон кои не умеат да се приспособат и уште помалку да ја скротат. Таквиот однос ја објаснува нивната потреба за пишување Рухнама биографии, држење глупави и очајно неразговетни говори без содржина и дух. И над се' – елиминација на сите партиски конкуренти по интелектуална способност во чија блискост се потсетуваат на својата потпросечна интелектуална подготвеност, болка која не се лекува со смешните, бездруго во киоск купени докторантски титули.
Арсим Заколи, „Утрински весник“, 05.11.12.

нема
06.11 2012
Концентрација на гасови - во Влада

И непроветрениот воздух во владината сала влијае штетно. Оној познат и популарен д-р Оз на една од најгледаните ТВ-емисии во Америка кои и нашите гледачи имаат можност да го видат преку Хрватската телевизија вели дека луѓето не треба да се срамат што испуштаат гасови. Тоа е здраво и неопходно за човечкиот организам, а се случува најмалку 15 пати за 12 часа. Не е ништо страшно ако малку замириса, треба да се отвори прозорец и да се проветри просторијата. Пресметав дека ако за време на седниците на Владата покрај премиерот, министрите и нивните соработници и стручни служби се поканети експерти и стручњаци, тогаш обично присуствуваат околу 40 до 50 луѓе. За 16 часа, тие според д-р Оз, испуштаат гасови вкупно од 760 до 950 пати. Што не е безопасна концентрација ако нема добро проветрување.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 05.11.12.

нема
06.11 2012
Барокот од Шуто Оризари

Барок во Македонија имало два пати - во кралска Југославија и во 70-тите години во Шуто Оризари, кога почнаа да се копираат барокни столбови. Симбол на барокот бил Офицерскиот дом, поточно „Дом српског оружја“. Каков апсурд! Комунистот Крсте Црвенковски искористил шанса да го урне тој дом по земјотресот, не да го санира, иако бил само напукнат, а вмровецот Никола Груевски од темел ја гради зградата што не е ни културен симбол, туку типично милитантен.
Љубчо Георгиевски, „Граѓански“, 03.11.12.

нема
05.11 2012
Боксер пред огледало

Груевски е боксер, кој боксува само пред огледало. Тој не е спремен да влезе во ринг. Има една албанска поговорка - „Џаш ми џаш, судија наш“ - 6 на 6, ама судијата да биде на негова страна. Тој сака таква игра да игра. Ќе одиме на избори, ама ако може медиумите, институциите, парите да бидат на негова страна. Тој е таков играч. Се работи за еден класичен илеџија во секоја ситуација, за еден обичен плачко. Тој во ниту еден момент не излезе како витез во ова политичко поле, да го поделиме мегданот онака како што треба и да биде волјата онаква каква што е на граѓаните.
Стевче Јакимовски, градоначалник на општина „Карпош“; „Фокус“, 02.11.12.

нема
05.11 2012
Онострани гласачи

Татко ми е мртов веќе девет години, но лани „гласаше“ за ВМРО-ДПМНЕ!
Тито Петковски, пратеник; „Фокус“, 02.11.12.

нема
03.11 2012
Македонско-словенска евроазиска империја

Понатаму, во овој процес на поништување на Македонија и македонскиот народ, пресудно е дисконектирањето на словенскиот океан од народи (најголемата антрополошка групација од белата раса) од својот историски корен, кој меѓу другото го содржи и постоењето на македонската империја, која на светската сцена го инаугурираше геостратегискиот концепт на Евроазија.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 30.10.12.

нема
01.11 2012
Гигантската држава на македонскиот народ

Факт е дека единствен народ од регионот кој создал гигантска држава – суперсила од минатото е токму македонскиот народ, а ако еднаш сте биле способни за таков „подвиг“, зошто да не се повтори тоа во сегашноста или иднината.
Александар Станкоски, уметник; „Утрински весник“, 30.10.12.

нема
31.10 2012
Поголема значка

Јас си ја носев својата значка, а и Тачи носеше некаква значка, но мојата беше поголема.
Ивица Дачиќ, премиер на Србија, зборува за државните симболи присутни при средбата со Хашим Тачи; „Блиц“, 19.10.12.

нема
30.10 2012
Еквадорски неокласицизам

Имаше интервју во „Вест“ со некој италијански архитект и реставратор. Тој изјави дека измислуваме минато и дека ги фалсификуваме стиловите во градењето. Ова да се прифати значи пак да ги храниме деривативните дискурси, со кои не се мислиме самите себе. Наш професор треба да му одговори. (...) Јас сакам дрски одговори од типот: ова што ние го правиме е инспирирано од еквадорскиот неокласицизам. Што ќе каже сега еден евроцентрист на ова?
Бранислав Саркањац, универзитетски професор, во интервју за „Граѓански“, 27.10.12.

нема
29.10 2012
Конзервативна идеологија?

Не може да докажете дека ова со Скопје е отслик на некаква конзервативна идеологија. Кај е таа конзервативна идеологија? Во главите на некои, напишана е во некоја зелена или црвена книга? Второ, и да е конзервативна идеологија. Што значи тоа? Нешто лошо? Тогаш, тоа е веќе етикета. И таквото етикетирање е отслик на комунистичката идеологија.
Бранислав Саркањац, универзитетски професор, во интервју за „Граѓански“, 27.10.12.

нема
28.10 2012
Хабермас - јок

Мојот став е дека еден Јирген Хабермас нема што да зборува за Македонија. И не сакам она што морам да го кажам - дека сум Македонец - да биде дериват на некој европски теоретичар.
Бранислав Саркањац, универзитетски професор, во интервју за „Граѓански“, 27.10.12.

нема
27.10 2012
На државата ѝ снемува народ

Водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите, кој од нив е позастапен во политиката или во бизнисот, а додека се трошиме на тие теми нам како држава ни снемува народ.
Никола Груевски, обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба во „Македонската опера и балет“; „Либертас.мк“, 23.10.12.

нема
24.10 2012
Код на македонскиот народ

ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскиот народ. Нејзиниот од по тешките балкански крстосници е нераскинлив дел од нашата судбина.

Никола Груевски; „Либертас.мк“, 23.10.12.

нема
23.10 2012
Владата функционира

Премиерот вели: „Ќе донесеме закон за бранителите и нема да прифатиме ниту еден амандман од коалицискиот партнер во владата ДУИ“. Коалицискиот партнер ДУИ вели: „Закон за бранителите нема да биде донесен, но Владата функционира“. Врховниот командант на Армијата вели: „Ќе биде спроведена истрага за злоупотреба на униформите на армијата во случајот ’Слупчане’ и одговорните ќе бидат казнети“. Министерот за одбрана вели: „Нема да биде спроведена истрага и никој нема да биде казнет, но Владата функционира“. Премиерот вели: „Свирењето на албанската химна за почеток на работа на државен универзитет ги провоцира Македонците“. ДУИ вели: „Албанската химна ќе се свири, но Владата функционира“. Министерот за образование вели: „Не смее градоначалникот на Чаир самоволно да ги менува имињата на основните училишта“. Од коалицискиот партнер велат: „Сметајте ги за веќе променети и дека Владата функционира“. Началникот на Генералштабот вели:„Не може стратегискиот документ за одбрана на земјата да биде објавен на албански јазик и министерот да им се обраќа на војниците и на албански“. А министерот за одбрана вели: „Може, и Владата функционира“.
Ѓорги Спасов, „Утрински весник“, 19.10.12.

нема
21.10 2012

Препорачуваме

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

ОкоБоли главаВицФото