Најдобрите вицови на Окно

15.04.2024 15:13
Најдобрите вицови на Окно

По повод петнаесетгодишнината на порталот Окно книгоиздателството Темплум покрена нова едиција OK.NO. Станува збор за џебни книжулиња со обем 30 до 50 страници. Замислени се како мали компресирани содржини преземени од Окно.

За почеток објавивме 15 такви книжиња, поделени во три тематски тома: Најдобрите вицови на Окно, Поезија и Фашизам. Секој том е составен од пет книжулиња.

Едицијата ќе биде промовирана на претстојниот саем на книгата (18-24 април, сала „Борис Трајковски“, Скопје).
Во продолжение пренесуваме 15 избрани вицови од првата книга во едицијата. Во првите пет книги од едицијата се објавени над 500 вицови.

 

Кокошка сретнала црв

„Здраво, орелиште“, поздравил црвот.

„Здраво, цару змиски“, отпоздравила кокошката.

 

Ќелав или идиот

Го прашале Твртко што повеќе сака да биде, ќелав или идиот.

„Па, идиот.“

„А зошто мислиш дека е подобро да си идиот?“

„Помалку се гледа.“

 

Старец живеел на планина близу до езерце

Еднаш старецот со кофа тргнал да бере шумски плодови. Кога се доближил до брегот слушнал весело смеење и видел три голи девојки како се капат во езерцето.

Штом го забележале, девојките се спуштиле во вода до вратовите, а едната од нив извикала: „Нема да излеземе додека не си отидеш!“

Старецот ја кренал кофата и рекол: „Не дојдов овде да ги гледам вашите голотии. Дојдов да го нахранам крокодилот!“

„Како успеавте да доживеете сто години, госпоѓо?“

„Видете, господине, никогаш во животот не се расправав со никого.“

„Ама тоа е невозможно?!“

„Во право сте.“

 

Мудрост

Двајца другари ловеле риба. Едниот фатил златна рипка.

„Пушти ме назад во водата и ќе ти дадам животен подарок. Избери, сакаш љубов, мудрост или милион долари“, рекла рипката.

„Сакам мудрост“, пресекол рибарот.

„Готово, ја имаш“, рекла рипката и се вратила во водата.

По неколку минути тишина другиот рибар замолил: „Ајде друже, кажи нешто мудро.“

„Требаше да ги земам парите.“

 

Камелеон се скарал со љубената

Таа му рекла: „Те оставам!“

А тој рекол: „Чекај, ќе се сменам...“

Принцезата феминистка

Постоела принцеза феминистка, независна и полна со самопочит. Еден убав сончев ден, шетајќи низ шумата, таа налетала на жаба. Жабата прозборела: „Порано бев принц, но една злобна вештерка ме маѓепса и претвори во жаба. те молам, принцезо, бакни ме за да ја тргнеш клетвата од мене, за пак да бидам убав и богат. Тогаш ќе те однесам во мојот замок, ќе се оженам со тебе, ќе ми родиш деца, ќе ми готвиш, ќе ми чистиш и ќе бидеме среќни до крајот на животот.“

Истата вечер, јадејќи жабји батаци, принцезата самозадоволно се смешкала: „Јас да ти перам, готвам и да ти раѓам деца? Како па да не!“

 

Жабец по телефон се јавува кај гатачка

„Кажи ми нешто за мојот иден љубовен живот, гатачке?“

„Ќе сретнеш многу убава жена која ќе сака да ја осознае твојата внатрешност.“

„Вау! А кога ќе се случи тоа?“

„Догодина, на час по биологија.“

 

Робин Худ, бегајќи од власта, во шумата наишол на река

Покрај реката, на камен, седела златна жаба. Очајниот Робин ја замолил: „Те молам, жабо, направи ми мост“.

„Не сум баш во форма, но...“, рекла жабата, ги кренала предните краци, се извиткала на грб и направила мост.

Исфрлените патници

Патник во авион со себе го носел папагалот. Поминала стјуардесата и папагалот со крилото ја треснал по задникот. Девојката премолчела. Се охрабрил сопственикот на папагалот, па и тој ја плеснал по задникот кога таа одново поминувала меѓу патниците.

Стјуардесата се налутила и набрзо се вратила со капетанот. Ги фатиле непристојните патници и набрзинка ги исфрлиле низ помошната врата.

Затечен надвор од авионот папагалот веднаш замавтал со крилјата и почнал да лета.

„А што да правам јас сега?“, прашал патникот.

Папагалот му одговорил: „А што се курчиш кога не знаеш да леташ!“

 

„И јас те гледам, и Исус те гледа“

Крадец влегол ноќе во куќа, сигурен дека нема никој. Пребарувајќи, слушнал глас: „И јас те гледам, и Исус те гледа“.

Погледнал крадецот наоколу, никого не видел и продолжил да пребарува. Гласот пак се слушнал: „И јас те гледам, и Исус те гледа“.

Засветел крадецот со батеријата и видел папагал.

„Кој си бе ти?!“, прашал крадецот.

„Јас сум Методија“, одговорил папагалот.

„Каков Методија? Тоа име на папагал ли е?!“

„А бе, и Исус не е име на доберман, ама види како те гледа.“

 

Во крошните на дрво седи човек

Долу минува друг човек и го прашува качениот: „Крилја од Редбул?“

„Не, шубе од питбул.“

Убави и интелигентни

Лавот ги собрал сите животни и им наредил: „Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелигентните од десната“.

Животните почнале да се редат и брзо си ги зазеле местата. Само жабата стоела здрвена во место.

Лавот ја прашал: „Жабо, што чекаш?!“

„Па тогаш да се расчеречам!“

 

Мотоциклист удрил врабец во лет

Му паднало жал на мотоциклистот, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб.

Неколку часови подоцна врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае: „Решетки, леб, вода. Сум го убил мотоциклистот!“

 

Последна желба

Кртот го осудиле на смртна казна.

„Имате последна желба, крту?“

„Да, жив да ме закопате“, одговорил кртот.


Карикатури: Nate Fakes

Слични содржини

Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност
Општество / Книжевност
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото