Обожаватели

25.11.2011 14:23
Обожаватели

Повеќе од три години фотографот Џејмс Молисон ги фотографираше обожавателите на разни музички групи пред почетокот на нивните концерти. Неговите интересни панорамски портрети на личностите кои ги имитираат своите идоли се собрани во проектот наречен „The Disciples“ (Следбеници).

Фотографирани се обожавателите на многу познати поп, рок, панк, хип-хоп и други музички ѕвезди. За својот проект, Молисон вели: „Бев фасциниран од различните групи фанови кои присуствуваа на концертите, и како луѓето ги имитираат славните личности за да го обликуваат својот идентитет. Како што ги фотографирав, почнав да сфаќам дека музичките концерти се настани на кои луѓето доаѓаат за да создадат еден вид „семејства-сурогати“, можност да ја доведат до израз својата младост и да бидат дел од една сцена која се случила многу пред да бидат родени“.

Во продолжение можете да погледнете избор од дваесетина фотографии од неговиот проект.

Обожавател(к)ите на Бјорк.

Обожавателите на The Cure.

Обожавател(к)ите на Доли Партон.

Обожавателите на Џорџ Мајкл.

Обожавател(к)ите на Џенифер Лопез.

Обожавателите на KISS.

Обожавателите на Madness.

Обожавателите на Мадона.

Обожавателите на Мерилин Менсон.

Обожавателите на Морисеј.

Обожавателите на Motorhead.

Обожавателите на Oasis.

Обожавателите на Род Стјуарт.

Обожавателите на Sex Pistols.

Обожавател(к)ите на Spice Girls.

Обожавател(к)ите на Том Џонс.

Обожавателите на 50 Cent.

 

Извор: amusingplanet.com

Од истиот автор на Окно можете да погледнете и Битно е каде спијат децата.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото