Љубов

29.03.2017 13:20

Наспроти чистото небо,
стебло, чесно како молња,
осамено во полето.

Чиниш никому не треба,
чиниш — никој не помислува на него.

Туку одеднаш пламна тоа во луњата
и огнот почна да го поприма
обликот на неговото тело.

И долго гледавме стеблото и огнот
прегрнати како догоруваа:

ниту учеа од некого како да се љуби
ниту, пак, јагленосани во полето,
имаа време да се разделат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото