1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 04:59
Изложбата „Симбиоза” ќе биде отворена денеска во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности – Скопје, во Паркот на Франкофонијата со почеток во 19 часот.
„Со изложбата „Симбиоза” креираме ново случување каде би ја возвишиле природата и човекот како дел од неа со акцент на нивната симбиозна врска која го опфаќа привлечното, естетското, креативното или одбивното, неестетското и деструктивното со ликовната уметност како основен медиум, со смела видливост, потсетник за бришењето и прослава на интимната врска со растителниот свет.
Целта е да се постават прашања кои предизвикуваат критично размислувањe околу меѓусебно поврзување,колаборативни организми, биокултурни врски и нови еколошки парадигми. Оваа изложба претставува скапоцена можност да се преиспита сигурноста со цел да се репозиционираме во светот не како одвоени и објективни набљудувачи, туку како активни учесници вплеткани во длабоко и незаменливо сродство„ - велат авторите.
Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура на РСМ, логистичка поддршка: Општина Центар и Центар за современи уметности Скопје