Културниот центар „Бруталиск” слави прв роденден!

13.12.2023 10:14
Културниот центар „Бруталиск” слави прв роденден!

На 14-ти декемви, четврток, во 21 часот, културниот центар „Бруталиск” ќе го одбележи својот прв роденден со диџеј сет на Дарко Јорданов.

За една година „Бруталиск” организираше преку триста настани – изложби, промоции, работилници, музички и стенд-ап настапи, а на крајот на годинава ги продуцираше и првите подкасти. Создадено е место за целото семејство, ќоше во Скопје каде може да се дојде на кафе, да се набави сувенир или парче облека инспирирана од скопскиот брутализам, да се танцува, разгледа изложба, или пак да се помине време со добро друштво. „Бруталиск” создаде семејство од десет колеги и ги отвори вратите за повеќе од двесте уметници со кои соработуваше минатата година.

„Пред една година го замисливме „Бруталиск” како радио, продавница и бар, но за само неколку месеци се претвори во културен центар каде повеќето посетители доаѓаат заради програмата која ја нудиме. Овој роденден го славиме со отворена покана до сите наши редовни гости, клиенти и соработници за забава со диџеј сет на нашиот стар пријател Дарко Јорданов. Ве очекуваме!” – велат од културниот центар „Бруталиск”.

ОкоБоли главаВицФото