Женска недела во „Бруталиск”

04.03.2024 09:34
Женска недела во „Бруталиск”

Со шест настани за возрасни и еден за деца, Културниот центар „Бруталиск” почнувајќи од вторник, 5 март, организира тематска недела која ќе трае до 11 март.

Неделата завршува со хуманитарен настан за донации за Леноид и Тара, викендот е исполнет со стенд-ап, промоција на книга со пет македонски поетеси, детска работилница и два настапи на локални диџејки, а започнува со традиционалниот вторнички квиз овојпат наречен „Женски Квиз”.

Програма на „Женска недела” во „Бруталиск”:

 

Вторник 05.03.2024:

-Женски квиз - 20 часот

 

Петок 08.03.2024:

-Осмомартовски Стенд Ап со Софија Ристевска Петрушева - 20 часот

-Holiday Friday со DJ Ivana Dragsic - 21 часот

 

Сабота 09.03.2024:

-Бесплатна креативна работилница за деца – 11 часот
Осмомартовски честитки со Доротеј Нешовски

-Промоција на книга : „Нејзината песна” - 19 часот

Станува збор за мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси – Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димовска и Будимка Поповска, по избор на Пандалф Вулкански.

- Vanilla Saturday со DJ Disco Ninja - 21 часот

 

Недела 10.03.2024:

– Хуманитарна забава за Леонид и Кара - 20 часот

-Пет различни локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu)

Извор: https://meta.mk

ОкоБоли главаВицФото