1021 hPa
87 %
7 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 03:59
Во Лаб Кафе (Лабораториум) во сабота, на 20 јануари, во 21 часот, ќе се одржи промоција на „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура”
„Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура” е 45то по ред издание на дискографската куќа „ПМГЏез”. Се работи за албум снимен целосно во живо, во најдобриот скопски интимен концертен простор, „Аудиокултура”. Седум концерти, курирани од „ПМГЏЕз”, организирани во соработка со извонредните домаќини, кои дадоа неверојатно квалитетен материјал, од кој произлезе овој единствен жив македонски жив албум, по „Акустична Траума” на „Леб и Сол” од 1982.
За реализација на ова извонредно парче винил, од големо значење беше продлабоченото разбирање на софистицираната култура на господата од „Божиновски” (часовници и накит), кои беа третиот партнер во реализацијата на овој проект.
„Современа квалитетна македонска музика има многу, но мал дел од неа се наоѓа на винил. Вљубениците во квалитетниот звук добро разбираат што ова значи. Напорите на „ПМГЏез” се секогаш во правец на подигање на квалитетот на понудата, а ова парче винил ги има сите атрибути на актуелниот македонски соничен, но и модерен културен идентитет.
Неочекувана музичка комбинација, спој на навидум неспоиви практики и артисти, вистинска награда за пребирливите слушатели. Плоча која едноставно мора да ја имате. Проблемот е што има многу малку копии. Затоа побрзајте да ја набавите на оваа промоција, со оглед на тоа дека не можеме да гарантираме дека ќе биде достапна понатаму.
Оваа саботна вечер во Лаб Кафе, освен прекрасна музика и плочи по промотивна цена, ќе можете да уживате и во настапот во живо на извонредниот џез бенд „Светлост”, вистинска перјаница на дискографската куќа „ПМГЏез”. Светлост ќе се претстават со нов материјал, а ќе настапат во нивниот базичен трио формат” – стои во најавата.
Албумот може дигитално да се набави на следниот линк.
На плочата се наоѓаат следните песни:
1. Алембик - Sins Of The Feather
музика и текст: Ива Дамјановски, Виктор Танасковски
2. Марија Каева Трио - Прво па Женско
музика: Владан Дробицки, Марија Каева
текст: Марија Каева
аранжман: Владан Дробицки
3. Мирко Попов квартет - Ново име
музика: Синиша Ефтимов, Мирко Попов
текст: Мирко Попов
4. Глигор Поповски - Some Faded Memories
музика и аранжман: Глигор Кондовски
5. Дамир Имери трио - Акаша
музика и аранжман: Дамир Имери
6. Филип Букуршлиев - Binary, Elegant
музика: Филип Букуршлиев
аранжман: Филип Букуршлиев, Aндреа Мирчевска, Славчо Коцев
7. Сетстат - God Bless The Child
музика: A. Херцог, Б. Холидеј
аранжман: Сетстат