1025 hPa
63 %
17 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 10:05
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) организира изложба на ново примени членови, насловена „Нови енергии” која ќе се отвори во среда, 14 февруари, во 20 часот во галеријата на Домот на Армијата.
На настанот ќе бидат претставени членови примени во 2023 и на првиот конкурс за 2024. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева - Чупоска и претседателката на уметнички совет, проф. д-р Маја Рауник Кирков.
На изложбата ќе можат да се видат делата на : Ана В'чкова, Весна Стефановска, Гоце Стоилковски, Дејан Давчевски, Доротеј Нешовски, Ирена Гапковска, Методи Исков, Никола Упевче, Марија Николова, Сарита Конеска, Софија Илиева, Ферди Булут, Филип Ристевски, Антоанета Малиновиќ, Бојан Вртев, Дефне Еминовска, Дорина Тенева, Драганчо Таневски, Елена Димова Пантелиќ, Јасмина Главинче, Јоана Арсовска, Леон Тенев, Методија Јованов, Павел Јовановски, Пале Јовановска, Тања Ристовска, Филип Новески, Озбек Ајваз, Ленче Коцевска, Аница Китаноска, Мила Добреска, Марија Трајановска, Виктор Јаневски, Стефан Анчевски, Лусијана Ампева, Марта Патлиџанковска, Љупка Галаска, Славица Танеска, Петар Миљковиќ и Мариго Исеини (Локу).