Месецот на Франкофонијата се отвора со проекција на „Страста на Доден Буфан”

01.03.2024 09:53
Месецот на Франкофонијата се отвора со проекција на „Страста на Доден Буфан”

Сцена од филмот „Страста на Доден Буфан”

Месецот на Франкофонијата ќе биде отворен денес, 1 март, во 20 часот, со гала филмска вечер во киното „Милениум”, каде ќе биде прикажан филмот „Страста на Доден Буфан” во режија на Тран Ан Хунг.

Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, а ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во Париз.

Филмот „Страста на Доден Буфан” во режија на Тран Ан Хунг е реализиран во француско-белгиска копродукција со актерите Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже и други. Филмот е номиниран за три награди „Цезар” во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал во 2023 година.

Според критиките во француските медиуми, „Страста на Доден Буфан” е „создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливо готвење и свесната дегустација” напиша „Bande à part”, додека „France Info Culture” посочува дека „Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско”.

ОкоБоли главаВицФото