Секој ден ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ за предавство на националните интереси, за коленичење и подлизурковство, за криминали и што ли уште не. СДСМ секој ден ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за сѐ и сешто. Значи, за СДСМ, што и да направи Владата не чини. И нека биде така. Ама, освен меѓусебното плукање за сѐ и сешто, има една тема околу која на граѓаните очајно им треба обединување. А тоа е членството во ЕУ.
Ај, олабавете нѐ малку со меѓусебните црни кампањи. Зборете за себе дека сте криминалци, кршете си ги главите ако сакате. Ама не може едната партија да ја обвинува другата дека е поголем непријател на државата отколку силеџијата што не те признава дека постоиш. Државен интерес е да се влезе во ЕУ. Не е партиски.
Книгата „Групен портрет“ на Мирослав Грчев, објавена во 1978 година, претставува остроумен и ироничен пресек на едно време, во кое карикатурата функционира како прецизен инструмент за разобличување на општествените маски и апсурди.