Скопје 2024

22.02.2010 14:26
arvidas-korina-sokope-2024.jpg

Извадоци од мемоарите на Арвидас Кртина, поранешен претседател на коалицијата "Враќање во сегашноста" и премиер на Северна Македонија 2024-2032.

(...) Додека членовите на новата Влада даваа заклетва за верност во Собранието, багерите и булдожерите веќе се упатија на повеќе локации. За час и половина беше демонтиран крстот од врвот на Водно, а бетонската основа урната. Железните прачки ги натоваривме во камиони и ги однесовме во топилницата, за да бидат претопени во шини, за потребите за изградбата на пругата исток-запад која денес нè поврзува со Албанија и Бугарија.

На плоштадот, додека ја рушевме црквата, за разлика од случајот со крстот, имаше гужва и протести. Сепак, успеавме да се справиме со надојдениот народ благодарејќи на соработката со Стефан, претседателот на невладината организација МПЦ-ОА, според тогашните закони сеуште "црква". Со него се спогодивме да биде ослободен од шесте обвиненија поврзани со матните бизниси на невладината, ако за возврат ги убеди неговите поклоници дека тоа што го правиме не е ништо страшно.

Спомениците и скулптурите од плоштадот и воопшто од централното градско подрачје ги тргнавме за неполни 48 часа. Со товарни возила беа пренесени во новоформираниот Парк на вајарството "Никола Груевски" во Јурумлери, заедно со мал музеј во негова чест. Решивме со формирањето на таквиот парк да му оддадеме почит и да му се раздолжиме на поранешниот премиер, без чие дело ние немаше да можеме да го правиме тоа што го направивме. На влезот на паркот беше преместена, парче по парче, триумфалната порта од центарот на Скопје. Веднаш до неа беа поставени лавовите од мостот "Гоце Делчев". Внатре, пак, просторот решивме да го поделиме на неколку секции: "шмизли", "групни скулптури", "модерни скулптури" и главниот дел "историски споменици". Беа ископани островчиња и рекички и парче по парче беа преместени и мостовите "Око" и "Мостот на уметноста". Во центарот на паркот пак парче по парче беше транспортиран големиот споменик од плоштадот, фонтаната на која беше поставен "Александар на Букефал".

Од друга страна, на самиот плоштад, на местото на споменикот, поставивме холограм. Сметавме дека со исполнувањето на планот 2014 и со неговото еднодецениско опстојување, Македонија успеа да ги надополни испуштените фази од минатото, па затоа решивме да се "вратиме во сегашноста" на 21-иот век. Холограмот е современо, еколошко решение кое воопшто не зазема јавен простор. Неговата перманентна проекција се состои од анимирана верзија на фонтаната со споменикот "Александар на Букефал", но и од уметничкиот филм "Александар на Хефастијон", кој е дел од новата владина програма за сексуална либерализација. Уметничкиот порно филм е фокусиран на сексуалниот живот на античко-македонскиот крал и ги опфаќа интимните доживувања на Александар со неговиот татко, со неговата мајка, неговите воини, неговите конкубини, а се прикажуваат и масовни сцени во кои се вклучени египетски аристократи, робови и персиски принцези. Народот отпрвин се противеше на ваквата промена на содржините "емитувани" на градскиот плоштад, но наскоро се прилагоди.

Се разбира, за празници и специјални пригоди на холограмот емитуваме специјални содржини, како на пример обраќањето на доживотниот претседател Иванов. Инаку, сосем случајно тој се најде на функцијата доживотен претседател - армијата ја расформиравме (немаше кому да биде врховен командант), ингеренциите и онака му беа скусени - па решивме да ги укинеме претседателските избори. Тој и онака си функционираше сосема бенигно, а беше човек од народот - па затоа решивме да биде прогласен за доживотен претседател и маршал - веќе имаше воведено фанфари, и остануваше само да му се скрои посебна униформа. Репликата на офицерскиот дом наместо да ја рушиме, ја направивме негова резиденција.

Што се однесува до програмата за сексуална либерализација, тука веќе преземавме поконкретни мерки. Мини трговскиот центар изграден на местото каде што се наоѓаше бившата "коцка", беше урнат. На меѓупросторот од поранешната црква (урната за неполни 2 дена) и мини-трговскиот, изградивме нова спомен-куќа на Скопјанката Мајка Тереза, која има и хуманитарна намена. Во неа е сместена новата "Социјална установа за сексуално здравје" под директна надлежност на одделот за сексуално здравје при Министерството за здравство. Во неа се вработија стотина сексуални работнички и работници. Нивните услуги сепак се достапни само со бонови од Министерството, кои обично се издаваат по препорака на комисијата која има за цел да утврди високо ниво на сексуална фрустрација. Оние најисфрустрираните добиваат по едно бонче месечно.

Старата спомен-куќа на Мајка Тереза, познатото скопско "чудовиште", беше пренаменета во објект за арт-перформанс на Вангел Божиновски. Aрхитектот, како крунисување особениот придонес во јавната уметност, беше приморан самиот, со копач, дел по дел, да ја урива спомен куќата. За време на перформансот тој мораше да носи античко-македонска носија и да зборува исклучиво на античко-македонски јазик. Перформансот понатаму успеа да привлече огромен број туристи, кои ги користеа паузите за сликање со запотениот изморен архитект.

Античката зграда на Уставниот суд и останатите институции исто така ја урнавме, но не до темел. Основата послужи за формирање на "Археолошки музеј на отворено". Целосно оставени беа два столба, три столба беа срушени до половина, а остатокот делумно срушен и естетски оштетен, за да се добие ефектот на "современ археолошки локалитет". Во локалитетот го вработивме Паско Кузман кој ги пречекува туристите ширум светот и им ја раскажува приказната за потеклото на Македонците. Навечер, пак, мултидисциплинарниот локалитет се претвора во игралиште за пеинтбол.

Единствено не ја допревме новата зграда на филхармонијата. Но, зградите пред неа се урнати за да не го попречуваат видикот. Зградата на Музејот на македонската борба, пак, ја пренаменивме во нов природонаучен музеј. Восочните фигури ги продадовме на аукција во дијаспората. Имаше големо наддавање. (...)

автор на сликите: Матеј Богдановски; од циклусот „Скопје радос ти ќе бидеш“, достапни на следниов линк

Mnogu tazen narod sme si

Mnogu tazen narod sme si makedoncite, edni pravat drugi butaa i taka so vekovi. Zatoa ke si ne ebat i grci i bugari i koj si saka i kolku si saka... Ako kritikuvate, prochitajte neshto, izmislete argumenti, davajte konstruktivna kritika.. Za zal 90% od ovie statii se samo ispolitizirano tresenje gluposti.

 sakame usteeee :D

 sakame usteeee :D

Слични содржини

Став / Теорија

ОкоБоли главаВицФото