„Дај, не фрлај“ - Фејсбук група за размена на стари работи

29.11.2016 17:07
„Дај, не фрлај“ - Фејсбук група за размена на стари работи

Неодамна на социјалната мрежа Фејсбук се појави групата „Дај, не фрлај“, која има за цел да поттикне размена на стари предмети кои можат да бидат искористени наместо фрлени. За само неколку денови, групата веќе брои повеќе од 1.300 членови.

Во продолжение, го објавуваме повикот на основачот на оваа антиконзумеристичка група, Бранко Прља:

 

Имаш работи кои ти стојат по дома, во подрум или во гаража, а не ти требаат. Количка за бебе, велосипед, кондури, облека, играчки... Наместо да ги фрлиш или однесеш работите кои не ти требаат таму каде што нема да знаеш до каде ќе стигнат, објави ги во оваа група и тој на кој што му требаат ќе може да си ги пронајде сам.

Да изградиме општество во кое подарувањето е примарно, а купувањето секундарно. Да ја кренеме довербата помеѓу луѓето и чувството дека некој што не го познаваме, а живее во иста држава со нас навистина се грижи за нас. Да ја урнеме потрошувачката парадигма која што владее со сите нас.

Сите сме пораснале носејќи облека на браќа и сестри, братучеди и синови и ќерки на најдобрите пријатели на нашите родители. Ако сè уште го практикуваш ова, а немаш на кого близок да му ги подариш тие работи, објави ги во оваа група и подари ги на некој кој што му требааат, а не го познаваш. Ќе се чувствуваш подобро, и тој ќе се чувствува подобро, сите добиваме :)

И за крај: Не подарувај нешто што не би го дал ни на сопственото дете. Да не е скинато или неупотребливо. Сè што е очувано и речиси ново. Зачисти ги малку, обнови ги работите, направи фотка и постави ги во оваа група.

Мислевме дека е баш згодно да ја објавиме оваа група денес, на најголемиот светски потрошувачки празник, Black Friday :)

Зачлени се и сподели ја групата со твоите пријатели.

НОВО!!! Додадовме албуми со разни категории. Побарај дали тоа што сакаш да го подариш припаѓа во некоја од нив и објави го таму за полесно снаоѓање и пребарување.

ВАЖНО!!! Кога ќе видите нешто што ви е потребно пишете директно коментар на објавата, ако пишете во инбокс и не сте пријатели пораката најверојатно нема да биде видена. Потоа може да станете пријатели и да се договорите понатаму преку инбокс.

И не заборавај, „Дај, не фрлај!“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото