Отворено прашање до Владата

27.07.2018 11:20
Отворено прашање до Владата

Граѓанските иницијативи и здруженија: Го сакам Водно, О2 Коалиција, Стоп на загадувањето, Спас за Водно, Зелено Тафталиџе, ЕкоКарпош 3,2,1, Ние сме Карпош 4, ФРОНТ 21/42, МТБ Оксижен, I love hiking, Гоу Грин, Грин Пауер, Скопје Смог Аларм, Билка, Плоштад Слобода, Еко Свест, Сакаме Аеродром да дише, на владата ѝ поставува отворено прашање и бараат објаснување на изјавата на дирекотрот на МЕР.

„По повод вчерашната изјава на директорот на МЕР според која Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки, очекуваме јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да помине низ парк шума Водно, донесена на владина седница“, стои во соопштението од активистите.

Последниот официјален став на Владата познат на јавноста е од 27.3.2018 каде го задолжи Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и МЕР да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар кај потегот на Водно.

 

ОкоБоли главаВицФото