Дискриминирачки содржини во учебниците за средно образование

16.11.2019 15:33
Дискриминирачки содржини во учебниците за средно образование

„Семејството е логичка последица на бракот, а бракот е општествено признаен однос помеѓу мажот и жената“, стои во поглавјето „Семејство“ во учебникот по Граѓанско образование, додека постои цело поглавје за „Вработување на куќни помошнички“ во учебникот по Основи на јавното право од кои учат средношколците од четврта година.

Фотографии од овие учебници ни ги достави наш читател преку платформата „Пријави проблем“, преку кои реагира на повеќе дискриминаторски, неинклузивни и навредливи содржини.

Од учебникот по Граѓанско образование за 4-та година средно образование

Од учебникот по Граѓанско образование за 4-та година средно образование

Од учебникот по Граѓанско образование за 4-та година средно образование

Од учебникот по Основи на јавното право за 4-та година средно образование

Авторка на учебникот Граѓанско образование е Гордана Трајкова Костовска, додека учебникот Основи на јавното право е изработен од Македон Славковски. Двата учебници се одробрени со решение на Министерот за образование и наука од јули 2010 година, кога на чело на институцијата се наоѓаше Никола Тодоров.

Овие два учебници не можат да се најдат меѓу предметите на интернет страницата на Министерството за образование и наука за кои се објавени повици за изработка на нови учебници или пак за исправки и дополнувања на текстот на учебникот.

Ова не се единствените учебници за кои граѓани реагираа последниов период. Од Сојузот на средношколци на С. Македонија пред половина месец реагираа на многу грешки и проблеми во врска со учебниците. Ревизијата на учебниците беше тема и на дискусијата на Радио МОФ пред точно две години, каде од МОН најавија дека преку измените на Законот за учебници полесно ќе се воочуваат грешки и ќе се пристапува кон корекција на учебниците.

Извор: Радио МОФ