„Гунда“ - експериментален документарец

05.06.21 12:42

Експерименталниот американско-норвешки документарец „Гунда“ (2020) е искуствен филм во најчиста форма, кој со маестрална интимност ги раскажува нефилтрираните животи на мајката свиња, кокошките и едно стадо крави.

Користејќи силна, трансцендентна црно-бела слика и амбиентален звук на фармата, мајсторската режија на Виктор Косаковски (Victor Kossakowsky) ја поканува публиката да застане и да го доживее животот како што тоа го прават неговите субјекти, гледајќи го нивниот свет со магична трпеливост и од поинаква перспектива. 

Филмот „Гунда“ бара од нас да медитираме за тајната на животинската свест и да размислиме за улогата на луѓето. Продуцент на филмот е Хоакин Феникс.

 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото