Почина архитектот Петар Муличкоски

08.08.2022 16:03
Почина архитектот Петар Муличкоски

 

Денес нè напушти уште еден од великаните на македонската архитектура, архитект Петар Муличкоски на 93 годишна возраст. Слава му! 

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејзажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот, што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет.

Се занимавал и со научно-истражувачка работа и со публицистика.

Беше долгогодишен професор во областа на урбанизмот на факултетот во Скопје, каде ги пренесуваше искуствата од своите професионални посети на архитектонските бироа на светски познатите архитекти од САД.

Повеќето од неговите креации имаат антологиска вредност. Неговите урбанистички проекти се вреднувани и наградувани на јавни конкурси. Се однесуваат на значајни и разновидни градски содржини во различни географски, историски и урбани средини. Тие ја потврдуваат умешноста на авторот во надоврзувањето кон постојните градски матрици и структури како континуитет во поврзувањето на старото и новото, почитувајќи ја постоечката состојба и духот на средината, надополнет со нови просторни содржини и амбиенти.

Петар Муличкоски е роден 1929 година во Прилеп, каде го поминал раното детство и средношколските денови. Во периодот од 1949 до 1957 студирал Архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Со понатамошно лично надградување во 1967 е избран за доцент, а во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

Извор: marh

ОкоБоли главаВицФото