Боли глава

Викендаши

Имаат сè што треба... медицинска помош, топла храна... Се разбира, сместувањето во коешто се е малку привремено... Но, би требале на тоа да гледаат како на викенд на кампирање.

Силвио Берлускони, италијанскиот премиер, ги охрабри илјадниците бездомници по разорниот земјотрес

16.04 2009

Чувствувам потреба од разговор за Персија, за сите култури, за сите работи овде, јас стигнав до тука, но сакав да одам уште подалеку, чувствувам интерес за јазикот и за начинот на кој пишувате и за писменоста кај вас. Јас не одев за да водам војна. Јас сум пред вас заради култура, сакам да знам за вашата лингвистика. Не треба да војуваме, треба да создаваме пријателства среде народите, да ги доближиме гледиштата...

Духот на Александар Македонски му се обраќа на американскиот спиритист Херман кој, пак, му се обраќа на македонскиот историчар Донски

15.04 2009
Тркалезно па на ќоше

Тоа е разумен компромис, не можам да ви објаснувам. Сфатете го. Веројатно треба да знаете за што станува збор во преговорите. Јас не можам да ви објаснувам сега. Видете, не зборуваме за промена на името, ве молам проучете го проблемот со преговорите што ги водиме со Република Грција и тогаш ќе можам да ви одговарам на прашањата.

Ѓорге Иванов им објаснува на новинарите што е „разумен компромис“

14.04 2009
Да не боли глава

Ги повикувам сите да излезат на избори, дури и ако ги боли глава. Нека испијат аспирин за да не ги боли главата следните четири години.
Иво Санадер, хрватскиот премиер, ги повикува гласачите да излезат на локалните избори закажани за 17 мај 2009

13.04 2009
Докажи дека не си виновен

„Во образложението на пресудата, судијата Јани Нича, објасни дека Тупурковски и Андонов не успеале да докажат дека не се виновни“.

07.04 2009
Контрамитингаш

Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.
Јанко Јадибурек, 27.03.04, на својот блог
 
Клетиот Турчин против македонскиот народ, пак
Бараме веднаш да престане хајката против МПЦ и македонскиот народ.
МСУ никогаш не реагирала против изградбата на 8 џамии во Скопје и 51 џамија од Карпош до Кичево, само во последниве 10 години.
Затоа, бараме Ѓунер Исмаил, Ерол Ризов, Срѓан Керим и Велија Рамковски преку нивните медиуми да престанат да прават хајка поради изградба на 1 (една) црква.
Македонска студентска унија

02.04 2009

Да беше опозицијата организатор, немаше да бидеме тепани, да нема дилеми.
Љубомир Фрчкоски (изјава по повод инцидентот на плоштадот на 28.03.2009)

31.03 2009
Лолита, Букарски и Јадибурек

Јанко, ти се восхитувам, од првиот момент кога го чув твојот глас знаев дека тоа не е глас на обичен човек, имаш непобитен Мартин Лутер Кинг квалитет, не е чудо што луѓето имаат потреба да ти се исповедаат. Те љубам.
(LOLITA 30 Март, 2009 - 01:29 |)

Јанко, исклучително те ценам. Особено со овој твој последен гест и држење околу целата ситуација уште повеќе ме фасцинира.
(aleks.bukarski 30 Март, 2009 - 01:48|)

Хал 9000 вели -
најдобро е едно битие што може да стори е да работи најдобро што може во склад на своите способности
(jadiburek 30 Март, 2009 - 02:20|)

коментари на блогот на Алекс Букарски

30.03 2009
Инцидент на историјата

Хемијата меѓу Груевски и Караманлис е најлошото што го видел некој некогаш. Да ги имате овие двајца лидери на две критични позиции во исто време е еден вид инцидент на историјата. Сè што произлегува од нивната работа е многу фрустрирачко и не води кон решение.
Брус Џексон, одговорен за НАТО-проширувањата

25.03 2009
Легнување и станување со Македонија

„Јас легнувам и станувам со Македонија.“
Ѓорѓе Иванов, изјава при дебатата на претседателските кандидати во ТВ Сител

20.03 2009
Предизборна клетва

„Тие што мислат добро, добро ќе ги снајде. Тие што се лоши со лошо им се враќа и злото ќе ги следи до седум поколенија.“
 
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Могила

19.03 2009
Космодиск демократија

„На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија - на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира.“

Ѓорѓe Иванов

извор: А1 телевизија, 26.02.2009

19.03 2009
Антика и антиквизација

„Антиквизацијата е алиби на некој што го вади овој процес од неговата главна линија. Тоа е за луѓето што пијат „антика“ во кафеана. Тоа е сигнал на немоќ на одредени луѓе да се соочат со реалноста.“

Ѓорѓе Иванов

Изјава дадена на ТВ дебата на телевизија Телма

19.03 2009
Заглавен лифт

„Па не оддалечија, затоа што како што спомнав  додека другите со леснотија тоа го правеа и влегоа во лифтот и лифтот  ги однесе во ЕУ и НАТО нашиот лифт го заглавија. Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност...“

Интервју на Ѓорге Иванов на Радио Илинден во мелбурн, 15 февруари 2009

19.03 2009

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото