1015 hPa
66 %

11 °C
Скопје - Пет, 14.02.2025 14:59
Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности (објект Педагошки факултет) вечерва, 29 февруари, во 20 часот ќе биде отворена изложбата Летна школа New Art For(u)m, Сесија: Помеѓу природата и активизмот. Проектот New Art For(u)m е замислен како еднонеделна летна школа за експериментални уметнички практики изведена надвор од факултетските ателјеа на алтернативна локација (населено место Лазарополе, Општина Маврово и Ростуша).
Предмет на интерес на оваа сесија на школата беше Land & Environmental уметноста. Истражувањата и работилниците изведени на школата реферираа кон проширување на практични сознанија и искуства на студентите за Land & Environmental уметноста, во конципирање на вонатељерски ликовен контекст близок до жанрот на инсталацијата, а тесно поврзан со пејсажот – велат од ФЛУ.
Учесниците имале можност да се стекнат со нови и проширени сознанија за Land & Environmental уметноста, нејзината референтност во осмислувањето на индивидуално просторно или концептуално ликовно дело или проект. Екстензивната улога на локацијата, екстериерот, екогеографијата, геологијата, климата, флората, светлината итн. како појдовна точка.