Младите стрипаџии ѝ даваат шанса на инклузијата

18.03.2024 12:53
Младите стрипаџии ѝ даваат шанса на инклузијата

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот „All we are saying is give inclusion a chance!” од вториот отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови” на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

Томе Трајков-координатор на проектот ги наведе следните активности како дел од проектот:

· Ќе биде објавен јавен повик за ученици – стрип таленти коишто треба да изготват стрипови на тема а) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите, како и на тема б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.

· Потоа ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани 12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови

· Публикување на соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори.

· Предвидено е да се направи тематска ФБ група, а ќе се организираат и пет изложби во различни етнички и географски средини од државата.

Овој повик е веќе испратен до сите училишта во државата и трае до 30 март 2024 година. Планирано е проектот да заврши во месец јуни 2024 година.

Извор: https://racin.mk