Отворање на изложбата „Три генерации Ташковски”

10.04.2024 09:11
Отворање на изложбата „Три генерации Ташковски”

На 11 април, (четврток) со почеток во 19 часот во Изложбенот салон на МАНУ ќе биде отворена ликовната изложба „Три генерации Ташковски”, на трите генерации ликовни уметници почнувајќи од Ристо Ристовски, академик Васко Ташковски и Лара Ташковска.

Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера.

Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.