ПМГ Колектив со нов сингл

05.04.2011 13:35
ПМГ Колектив со нов сингл

Новиот сингл на ПМГ Колектив „Излези Надвор“ е најава за 4тиот албум на бендот, кој ќе носи наслов „А Векот Така Добро Започна“.

“Излези Надвор“ е композиција со спор, но динамичен ритам и е направена во стилот ГЕЈ-ХОП или ЦЕНТАРСКИ РАП. Голем придонес за високата класа на овој сингл дава нашата реномирана вокалистка Марија Каева, која ја фарба атмосферата со она автохтоно и препознатливо скопско соул чувство. На Б страната се наоѓа “Рандом Вокал“ миксот на истата композиција и ремиксот на Душко Јаневски во техно манир.

Овој екстендед плеј сингл е 55-то издание на дискографската куќа ПМГ Рекордингс.

Синглот може бесплатно да се даунлодира од веб страната www.pmgrecordings.com.

ОкоБоли главаВицФото