„Sfer”- електронски музички перформанс на Дарко Медарски

13.03.2024 15:19
„Sfer”- електронски музички перформанс на Дарко Медарски

Овој петок, 15 март, во Социјалниот центар „Дуња”, со почеток од 21 часот, ќе може да се проследи електронски музички перформанс на Дарко Медарски, кој ќе го претстави својот соло проект насловен „Sfer”.

Sfer е уметник кој ги трансформира чувствата и мислите на постмодерното општество во Светска музика.
Грув, мелодија, ноиз. Сет спремен да ве внесе во даден моментум.

Влезница e препорачана донација за уметникот по слободен избор.

Музиката на Дарко Медарски може да се слушне на платформата Bandcamp, на следниот линк.