Иднината на учењето

09.11.2012 13:01
Иднината на учењето

Учениците сè уште добиваат образование според парадигма од XX век, но многу визиониери - како овие во филмот „Иднината на учењето“ - планираат да ги искористат предностите на компјутерите и технологијата за да ја афирмираат идејата за тоа што образованието би можело да биде.

„Да се знае нешто веројатно е застарена идеја. Всушност, не треба да знаете ништо. Работа на учителот е да го насочи вашиот ум кон вистинските прашања. Учителот не треба да дава никакви одговори, затоа што одговорите се насекаде“. Такво е објаснувањето за тоа како фондациите за образование треба да се променат, дадено како дел од воведот на краткиот филм „Иднината на учењето“ („The future of learning“). Ако учењето во минатото подразбираше меморирање на факти и концепти (затоа што е потребно да ги имате во главата), учењето во иднината - каде сите овие факти ви се достапни со само неколку отчукувања на тастатурата - би требао да се одвива на нов начин.

Филмот „Иднината на учењето“ е снимен од Ericsson како дел од нивниот серијал „Networked Society“. Во филмот учествуваат компании како Knewton и Coursera, чии претставници зборуваат за нивниот обид да ја искористат технологијата за да им овозможат на децата да имаат поинтересно и поефикасно образование.

Филмот нуди инспиративен поглед на тоа што би можела да претставува иднината на образованието. Остварувањето на целта веројатно е потешко отколку што смета Сет Годин, но визијата за образовен систем кој овозможува секое дете, каде било во светот, да добие образование кое најмногу му одговара, е цел достојна за почит. Ако тоа е она што технологијата навистина може да го донесе во образованието, тогаш сите со нетрпение го очекуваме.

Извор: http://www.fastcoexist.com