Универзитет со „студенти” создадени од вештачка интелигенција

12.01.2024 11:10
Универзитет со „студенти” создадени од вештачка интелигенција

Студентите на државниот универзитет „Ферис” во Мичиген наскоро ќе ја делат предавалната со „студенти“ со вештачка интелигенција. Тие нема да имаат хуманоидни роботски тела, туку ќе служат како алатки кои ќе комуницираат со студентите преку компјутери, микрофони и звучници.

Во експериментот предводен од вонредната професорка Кејси Томпсон, студентите со вештачка интелигенција наречени Ен и Фрај ќе слушаат предавања, ќе работат на задачи и активно ќе учествуват во дискусии со другите студенти.

Сигурно се прашувате зошто се спроведува експериментот најавен за време на Денот на вештачката интелигенција на универзитетот минатиот месец. Во соопштението се вели дека институцијата сака да го истражи „трансформациското влијание на новонастанатата технологија за вештачка интелигенција, поврзувајќи ги студентите со потенцијалните образовни и кариерни текови на развојните области”. 

Студентите со вештачка интелигенција ќе имаат можност да „одлучат” кои курсеви ќе ги следат.

„Како и секој студент, нашата надеж е дека тие ќе го продолжат своето образовно искуство до каде што можат и дека можеби ќе успеат да стигнат и до докторските студии”, вели Томпсон.

Ен и Фрај ќе слушаат предавања и дискусии преку микрофони и компјутерски системи. Според Томсон, целта е да ги поттикнат да работат и да даваат повратни информации за време на активните разговори.

„Всушност дојдовме до оваа идеја бидејќи сметаме дека може да ни помогне подобро да разбереме како да им служиме на идните студенти” – вели Томсон.
По извесно време истражувачите ќе ги разгледаат податоците за да откријат што научиле студентите со вештачка интелигенција и што научило училиштето од нив.

Извор: https://futurism.com

ОкоБоли главаВицФото