4 работи што може да ги направите со пена за бричење

09.03.2013 13:09
4 работи што може да ги направите со пена за бричење

1. Чистење на рацете

Ако сте љубител на природата и често кампувате, треба да знаете дека во недостиг на сапун или друго средство за хигиена, за чистење на рацете помага и пената за бричење. Нанесете ја на рацете и тријте исто како да имате сапун. Потоа земете шамивче или пешкир и избришете ги рацете.

2. Чистење дамки

Дамката од истурениот сок на ќилимот може да се исчисти со малку пена за бричење. Откако ќе ја нанесете и ќе ја натапкате во ќилимот, истријте ја со сунѓер и измијте ја. Овој метод може да помогне и за дамки на облеката.

3. Подмачкување врата што чкрипи

Вратите кои чкрипат особено може да ве нервираат навечер, но тоа може лесно да се реши ако ги намачкате шарките со пена за бричење. За да ви биде полесно, може да употребите тенко стапче како она за чистење уши. Со шамивче или памук исчистете го вишокот од пената, за вратата да не изгледа валкано.

4. Чистење на чешли и четки за коса

Лушпите од кожа на главата се наталожуваат на чешлите и четките исто како и косата, па затоа треба редовно да се чистат. Освен тоа, на нив се собира и прашина. Откако ќе ја отстраните косата, истријте ги сите делови од четката со пена за бричење. Малку од пената ставете и во чаша вода, а потоа потопете ја четката во чашата и оставете ја неколку минути. Потоа добро измијте ја.

Извор: tportal.hr

ОкоБоли главаВицФото