Духови пред појадок

12.04.13 21:31

„Духови пред појадок“ е германски дадаистички анимиран краток филм, снимен 1928 година во режија на Ханс Рихтер. Во филмот се користи стоп анимација за некои од ефектите, како и актерска игра „во живо“. Филмот нема кохерентен наратив, а во него се вклучени бројни навидум арбитрарни слики. Оригиналната музика за филмот напишана од Пол Хиндемит е уништена од нацистите како „дегенеративна уметност“, но нова музика за овој филм е снимена од артисти како The Real Tuesday Weld.

ОкоБоли главаВицФото