Idiot Box

14.08.15 12:20

Австралиската фотографка Дона Стивенс во серијата фотографии „Idiot Box“ документира деца кои зјапаат во телевизиски екран. Стивенс преку овие слики се обидува да ја истражи мрачната страна на човечката љубов кон технологијата. Преку фотографирањето на децата кои гледаат телевизија, таа ја претставува контрадикторната врска која сите ја негуваме со технологијата и медиумите.

„Дали треба да посветиме поголемо внимание на улогата на технологијата во животот на нашите деца? Дали нашата техно-параноја е оправдана? Без разлика какви гаџети поседуваме и ги обвинуваме заради нашето недејствување, дали нашите проблеми се поврзани само со човекот?“, изнесува Дона Стивенс дел од прашањата кои ги поставува во својата серија фоготрафии.

Извор: www.donnastevens.com.au

ОкоБоли главаВицФото