Сириските деца-бегалци

31.03.2014 12:22
Сириските деца-бегалци

Фоторепортерот на британскиот весник „Телеграф“ Вил Винтеркрос неодамна се врати од бегалскиот камп Баб ал Салам во Сирија, во близина на границата со Турција, каде ги фотографираше децата кои се принудени да живеат далеку од своите домови во Алепо.

Боб Ал Салам не е уреден како повеќето други бегалски кампови: водата не е погодна за пиење, храната е со лош квалитет, во кампот стигнуваат помалку пари отколку во другите кампови, а управа речиси и нема, што значи дека во камповите може да влезе речиси кој сака. Тоа во февруари го искористија исламистичките екстремисти и поставија автомобил-бомба на еден крај од кампот, убивајќи и ранувајќи повеќе луѓе.

Несигурноста, безнадежноста и стравот од секој нов ден сепак не ги спречија Сиријците кои престојуваат во овој камп да се обидат од него да направат дом, колку што е тоа можно. Винтеркрос во својот фотографски проект се фокусирал на децата бегалци, бидејќи тие, како што вели, се најнедолжните жртви на војната. Во придружба на преведувач, Винтеркрос ги фотографирал децата, истовремено поставувајќи им неколку прашања, со желба да ја чуе нивната лична приказна.

Подолу може да ги видите фотографиите од малите момчиња и девојчиња од кои многумина ги изгубиле родителите, роднините и пријателите и кои сонуваат за денот кога ќе се вратат дома.

Извор: willwintercross.com

ОкоБоли главаВицФото