Бесплатна веб апликација им помага на луѓето да изберат во кој град би биле среќни да живеат

23.05.2016 10:40
Бесплатна веб апликација им помага на луѓето да изберат во кој град би биле среќни да живеат

Телепорт е бесплатна веб апликација чие функционирање има за цел комплетно да го промени процесот на селење во странство. Преку нивниот софтвер ви дозволуваат да ги прегледате основните детали за повеќе од 100 градови низ светот, виртуелно истражувајќи ги најоптималните локации и помагајќи (и извршувајќи) ги подготовките при селењето. Нивната цел е да ја направат многу полесна „физичката преселба на човечката популација“, а Телепорт работи за иднината на слободното глобално движење.

Преку поставување серија прашања за буџетот, приходите, барањата на домаќинствто и слично, Телепорт функционира слично како онлајн сајтовите за лични средби, но на крајот од прашалникот, наместо потенцијални партнери, добивате потенцијални домови. Нивните податоци помагаат истражувањето за следната преселба да биде поедноставно, да се филтрираат изборите додека не се дојде до перфектно персонализирани преференци. Фокусирајќи се да им помогнат на луѓето и компаниите од целиот свет да се поврзат, Телепорт сака да создаде разновидна работна сила низ целиот свет.

Тимот, кој ја создаде апликацијата е составен од дел од претприемачите кои стојат зад експлозивно успешната апликација Skype, сега работи на охрабрување на диверзификацијата на работните можности и потенцијалните апликанти, без разлика на географската оддалеченост. Како што објаснува компанијата на нивната веб страница, тие „тежнеат кон култура која е флуидна, разновидна и безгранична како светот на кој му служат“.

Извор: http://www.mymodernmet.com/

ОкоБоли главаВицФото