(Видео) Снимки од хоророт во Ница

15.07.2016 15:28
Снимки од хоророт во Ница

Во терористичкиот напад изведен синоќа во Ница загинаа најмалку 84 луѓе, а повеќе од 100 се повредени. Еден од жителите на Ница вели дека напаѓачот во камионот се појавил одеднаш, почнал да пука и со камионот да ги гази луѓето кои го гледале огнометот по повод францускиот национален празник 14 Јули.

На интернет се појавија и снимки од моментите кога е извршен овој грозоморен напад врз цивили.

 

Освен снимка од нападот, се појави и видео од пресметката на полицијата со напаѓачот, идентификуван како Мухамед Лахуаеј Булел (31). Откако прегазил голем број луѓе, полицијата успеала да го запре и пукајќи во ветробранското стакло, полицајците го убиле. По извршениот претрес, во камионот биле пронајдени експлозив и автоматско оружје.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото