Победници на конкурсот Ремиксувај ја својата културна стварност

23.11.18 03:12

Познати се имињата на победниците на Ремиксувај ја својата културна стварност (јавен конкурс) за редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела.

Првата награда на конкурсот, во вредност од 12000 денари, го освои решението кое е повеќеслојно како кромид... пардон - зелка и освежително како расолница по бурна, непроспиена ноќ, од авторката Јулијана Росоклија за редизајнираниот постер за филмот Среќна Нова '49.

Втората награда, во вредност од 9000 денари, заслужено ја доби редизајнот за постерот за филмот „Исцелител“ – Дарко Дојчиновски.

Третата награда, во вредност од 6000 денари ја освои талентираната дизајнерка Ивана Темелковска за редизајнот на легендарниот албум на групата Бастион.

Добитниците на петте почесни награди Дејана Петрушевска, со нејзиното видување дека Касни-порасни на Петре М. Андреевски најдобро се остварува со јадење лубеници. Катја Штркова Кочовска, која даде едно игровно видување на легендарниот винил на Шпато, Милан Крстевски, кој во празниот куфер на Илко од Тетовирање ги изнареди сите несреќи кои го следеа главниот лик во филмот. Вили Стоилова, која понуди една сензуаулна ревизија на Дениција на Петре М. Андреевски и Valdamarr Sveinaldsson, кој, според негови зборови, сакаше да додаде дополнителна бруталност на каверот на најпознатиот македонски хеви метал албум на Санаториум.

Извор: Аксиома

 

ОкоБоли главаВицФото