Рецепт

13.01.2020 11:10

Самоубиството
треба да се изврши по појадокот.
За појадок е најдобро да се испие
шолја млеко.
Млекото содржи многу витамин А.
Витаминот А штити од болести на окото.
Окото служи за гледање.
А светот треба да се гледа.

Самоубиството
треба да се изврши колку што е можно
потивко.
Толку тивко
како кога мува минува по виолинскa жицa
и создава нежен звук или можеби
само воздивнува.

А остатоците од лебот
треба да се фрлат на птиците.
За да продолжат да живеат.
За да продолжат
да живеат

 

Превод: Николина Андова Шопова

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото