Негде Другде

19.05.2017 11:23

Би сакал да живеам Негде Другде.
Во рачно извезените гратчиња.

Да се среќавам со оние
кои не доаѓаат на светов.

Би биле конечно среќни осаменици.
Не би нè чекало ниедно пристаниште.

Ниедно доаѓање. Ниедно заминување.
Минливоста во музејот.

Ниедна војна не би се водела поради нас.
Ниедно човештво. Ниедна војска. Ниедно оружје.

Смрт во пивната состојба. Би било весело.
Во библиотеката повеќетомно време.

Љубовта. Непостоечко поглавје.
Со шепот би ни ги листала страниците во срцата.

Превод: П. В.

Ева Липска e родена 1945. во Краков. Завршила Ликовна академија, но се определила за поезија. Пишувала и проза и драми, но и текстови за краковското кабаре Подрумот кај овните и текстови за рок бендови. Не припаѓала на ниедна книжевна група ни правец, иако критичарите ја вредуваат во Новиот бран. Преведувана е на повеќето попознати јазици. Добитник е на најпрестижните полски и светски книжевни награди. Последниве години е и кандидатка за Нобеловата награда.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото