90% од уметниците се политички неписмени

30.06.2020 19:53

90% од уметниците се политички неписмени. Тоа не е воопшто спорно доколку се држат до својата матична професија, ама кога ќе решат да се бават со политика, тоа изгледа вака.

Малку ми е срам од колеги уметници кои немаат никаков политички потенцијал, па кокетираат со своите успешни кариери, убавиот и моќен глас, внесуваат емотивна мелодија во политичката полифонија со која манипулираат гласачи. Несомнено, уметниците ја поседуваат таа моќ да комуницираат со луѓето преку емоција и тоа внесува свежина на политичкиот простор, но за создавање на политичкиот идендитет, не треба да се злоупотребуваат уметничките перформанси или се да се сведе на нив.
Не Дурловски, јас од позиција на уметник можам да си дозволам да не се појавам на дебата, а не некој уметник од позиција на политичар, не некој кој претендира за место во собрание, особено не, ако е носител на листа.

Да, и во моментов имаме политички неписмени уметници на високи позиции, но веруваме дека историјата набрзо нема да се сеќава на нив, барем не по нешто корисно.

Сања Арсовска, Фејсбук, 30.06.20.

 

ОкоБоли главаВицФото