Повик за астрономска работилница за деца во ДКЦ

04.04.2022 13:07
Повик за астрономска работилница за деца во ДКЦ

Детскиот креативен центар – Планетариум што се наоѓа во склоп на Младинскиот културен центар во Скопје отвора повик за учество во астрономска работилница наменета за деца од 8 до 12 години која започнува на 6-ти април и ќе трае 25-ти мај.

„Во текот на работилницата децата ќе учат за промената на денот и ноќта, за промената на фазите на Месечината, преку игра и креативно творење ќе изработуваат модели на Сончевиот систем, 3D-соѕвездија како и потенцијална населба на нашата Месечина. Активностите вклучуваат и учење за планетите, ѕвездите, нашата галаксија Млечен пат како и за највпечатливите небесни објекти, кои може да се видат на ноќното небо. Преку истите ќе се поттикне развивање на љубопитноста за астрономијата, запознавање на природата околу себе и развивање љубов и восхит кон науката уште од најрана возраст“, се вели во повикот.

Едукатори на часовите ќе бидат Моника Пешевска, дипломиран физичар и ликовниот уметник Доротеј Нешовски.

Сите предавања на работилницата се со различни теми, а повеќе информации може да се најдат ТУКА.

Пријавување на следните е-адреси: dkc.skopje.mkc@gmail.com и moni.peshevska@gmail.com.