Почина актерот Марин Бабиќ, доаjенот на македонското глумиште

17.10.2022 09:10
Почина актерот Марин Бабиќ, доаjенот на македонското глумиште

На 74 годишна возраст почина актерот Марин Бабиќ.

Бабиќ дипломирал на Театарската академија во Софија во 1971 година, а таа година станува и дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век.

Тој ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги во својата матична куќа, но и во други театри и проекти. Позначајни улоги има одиграно во претставите „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, „Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Заводникот од западниот свет“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Косанчиќев венец бр. 7“ и многу други.

Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава Азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков,“ „Доротеј,“ „Јужна патека,“ „Тетовирани души,“ „Претежно ведро,“ „Училиште за кловнови,“ „Збогум на 20 век“ и многу други.

Повозрасните генерации се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје, кога со неговиот извонреден глас влегуваше во домовите на слушателите и беше нивниот „пријател во ноќта“.

Публиката ќе го памети и како идеен творец на манифестацијата „Глумците Пеат“, и по поетскиот серијал „Бебули“ со неговите маестрални интерпретации на современата поезија.