1021 hPa
53 %
21 °C
Скопје - Чет, 13.08.2026 03:59
Фокусирајќи се на човечкото лице и неговиот израз, рускиот фотограф Коклов, во соработка со одличната шминкерка Валерија Кутсан, претставува серија впечатливи фотографски портрети со графички приказ кој изгледа беспрекорно. Колекцијата е наречена „Чудна убавина“, совршено име за наследната противречност кон која се стреми, бидејќи чудното не значи дека нешто не е убаво.
.jpg)
Фотографските портрети во „Чудна убавина“ се мешавина од интензитетот создаден од сликањето на телото и изразот на лицето и структурата. Во оваа серија двајцата уметници одлучиле да ги исклучат од употреба сите бои освен црната и белата со цел да дадат поголем акцент на формите и волуменот.
.jpg)
Експериментот би требало да докаже дека вообичаените, едноставни форми, познатите нешта или ликови можат да играат важна улога во претставата за совршено убав изглед. Токму поради контрастот на црно-белата комбинација, бездруго впечатливите слики на лицата стануваат уште потеатрални.
.jpg)
Создавајќи ги овие невообичаени фотографски портрети, фотографот си игра со високиот контраст помеѓу светлината и сенката. Лажните, исцртани, рачно изработени сенки на кожата се во спротивност со природното засенчување на човечката форма, што е главна црта на речиси сите фотографски црно-бели портрети. Но, не и овде! Лицата на моделите во овој проект не се само платна, на секоја од фотографиите, секое од нив игра посебна улога и ја покажува својата автентичност.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор: https://www.beautifullife.info/