„Свет на карактери“

29.01.24 15:24

Фотографскиот проект (и мини филм) насловен „Свет на карактери“ (World of Characters), објавен во Vogue Portugal е дело на визионерката Шарлот Елис, со сценографија на Лидија Чан и шминкерската уметност на Атина Пагинтон. Проектот, како што вели Шарлот, претставува фантастична и надреалистичка приказна за „различни типови на ексцентрични ликови кои можат да се најдат низ светот”.

Тимот црпел инспирации од старите забавувачи, културните традиции, надреалистичките уметници и апстрактните изведувачи, евоцирајќи визуелен тип на циркус. „Сакавме да создадеме универзуми кои ги интегрираат концептите на уметност, патување и култура, што ни овозможи да претставиме колоритни, ексцентрични и оригинални поединци кои го претставуваат човечкиот израз во сите негови форми”, додава Шарлот.

Осветлувањето игра интегрална улога во проектот. Од прогонувачкиот кјароскуро до блескавите рефлектори, јасно е дека Шарлот посветила доста внимание и време на осветлувањето поставувајќи ги овие композиции. „Секој од ликовите беше дискретно истакнат од горното светло кое беше поставено над нивните глави, што на еден нежен начин создаде мек зрак светлина. Овој ефект остава впечаток на припадност на некој друг свет, друга реалност, што додава дополнителна, нова димензија на целокупната композиција”, објаснува таа.

„Различните аспекти и ефекти на освелувањето ни помогнаа да ја доловиме идејата за различните видови светлина низ светот”. Светлината служи и за дополнување и истакнување на другите работни делови во рамката. Всушност, со воздржување од премногу крупни кадри, дел од сериите добиваат ефект налик на софтверот за визуализации tableau, нагласувајќи ја прекрасната сценографија на Лидија Чан.

„Инспирацијата за сетот е нешто мистично и фантастично, но вкоренето во објектите што постојат во општеството”, вели Лидија. „Секоја слика е како моментален поглед во туѓиот живот”. Играјќи си со начините на кои бараме смисла во животот со измислување приказни и создавање фантазии, Лидија се определила за „предмети кои веќе содржеле одредено значење во себе”.

Станува збор за сосема поинаков ефект во однос на нејзините вообичаени епски приказни за градење светови од големи размери, бидејќи на ова снимање таа ги истакнува значењата на поединечните објекти и начините на кои тие можат да ги соопштат намерите и начинот на живот на ликот.

„Мислам дека тоа се некои од највозбудливите откритија на патувањето, гледајќи луѓе ширум светот како прават нешта поинаку од вас се фасцинирате од нивните традиции”, објаснува таа. „Беше важно да го пренесеме тоа чувство на чудење без нужно да се поврземе со одредени култури или локации низ светот. Поставениот наратив кој е отворен им овозможува на гледачите да ја завршат приказната и ја повикува нивната имагинација”.

„Секој оддел имаше креативна слобода за секој лик, така што беше возбудливо изненадување кога ликовите доаѓаа на сетот одлично вклопувајќи се со амбиентот создаден за него/неа“, додава Шарлот. „Од стајлингот до шминката на сетот, имав чувство дека сѐ е како што треба. Сите тројца Шарлот, Лидија и Атина се согласуваат дека преку балансирање на вибрацијата и променлчивото расположение се постигнувала општата естетика и хармонија на денот.

Шминката е она што навистина ја оживува оваа естетика, сместена некаде помеѓу ликовната уметност и типичниот колоритен гламур на „Вог“. „Идеите за сликањето на лицата беа интуитивни, фокусирани на графички форми, спирално и градирачки, со цел да го претстават начинот на кој се развива секој од ликовите“, објаснува шминкерката Атина. „Со секој од световите што ги создадовме се чинеше како да чекориме низ времето, истражувајќи ја историјата на нашите отпечатоци”.

Извор: https://www.itsnicethat.com

Слични содржини

Филм / Око
Живот / Филм / Око
Мода / Фотографија / Око
Мода / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Филм

ОкоБоли главаВицФото